Пребарана зградата на германскиот парламент поради аларм за истекување гас

Во седиштето на парламентот биле испратени 80 членови на службите за итни случаи, вклучувајќи специјални единици за деконтаминација

Во зградата на германскиот парламент, Рајхстагот, утрово имало голема интервенција поради аларм кој предупредува за присуство на гас. На терен излегле околу 80 пожарникари со бројни возила, но по тричасовно пребарување било утврдено дека нема опасност, пишува германски „Билд“.

Алармот се вклучил во зградата на Бундестагот околу 5 часот наутро.

„Алармот беше вклучен во 5:15 часот наутро бидејќи беа откриени мали количини гас“рече портпаролот на противпожарната служба.

Во седиштето на парламентот, биле испратени 80 членови на службите за итни случаи, вклучувајќи специјални единици за деконтаминација.

Пред зградата било поставено место за деконтаминација, а пожарникари во заштитни одела ја пребаруваа внатрешноста за опасни супстанции.

„Бидејќи ништо не беше пронајдено, колегите се повлекоа“потврди портпаролот.

Според портпаролот, можно е да станувало збор за некаков вид висококонцентрирано средство за чистење.

Back to top button
Close