Пред 81 година во најстарата гимназија во Македонија почнала настава на мајчин македонски јазик

Основана пред 169 години во 1857 година, велешката гимназија „Кочо Рацин“ е најстарата гимназија во Македонија.
На 1 февруари во 1945 година во велешката гимназија „Кочо Рацин“ првпат во слободна Македонија почнала наставата на мајчин македонски јазик.
Президиумот на АСНОМ со решение бр.9 од 3.11.1944 година донело одлука за отворање на девет гимназии меѓу нив и на велешката. Министерството со писмо бр. 423, со заповед бр. 97, од 26 јануари 1945 година, за директор на Велешката гимназија ја поставило професорката Злата Ангелова, а почетокот на наставата започнал на 1 февруари 1945 година.
Била донесена одлука гимназијата да го носи името на основоположникот на современата македонска литература – Кочо Рацин.
Во својата историја, гимназијата минала низ многу премрежја на прекројуваната Македонија, низ различни времиња и уредувања, имала падови и успеси и зад себе оставила 15 илјади завршени средношколци.
Листата на познати имиња што образовението го добиле во велешката Гиманзија е долга, Анѓелко Палашев првиот библиотекар во Македонија, музичарите Стефан Гајдов, Жифко Фирфов, Кочо Рацин, Ангел Шурев дириген на Бонската филхармонија, поетот и шпански борец Ганчо Хаџи Панзов, младиот виолинист Костадин Богдановски сега концерт мајстор во познатата Лицеу опера во Барцелона, Гемиџиите, Ѓорѓи Шоптрајанов, првиот градоначалник на Велес Никола Цураков, зографот Димитар Андонов Папрадишки.
Освен што тука се добивало знаење, тука се бранела и македонската кауза. Така било и во пролетта 1942-та, кога се случи познатиот штрајк на гимназијалците, прв во поробена Македонија.
Запишан е рекордот од 1982/3 учебна година на IV/2 класот на проф Душан Џаџов со просечен успех од 4,85 што се уште е недопирлива граница на знаењето и за новите генерации.
Извор: infomax.mk






