Пред Нова Година приведен тетовчанец кој во локалот му биле најдени 600 пиротехнички средства
На 28.12.2023 околу 18.40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот тетовец И.Р. во чиј локал биле пронајдени и одземени околу 600 парчиња различни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на МВР.