Предан – Време е конечно да испратите амбасадор во Софија

Мислам дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба, и не треба да биде кој било, вели словенечкиот амбасадор Милан Предан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Амбасадоре Предан, Советот за општи работи на ЕУ повика на што е можно поскоро одобрување на преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Но, и покрај оптимизмот во Брисел, во земјава ова се доживува како уште едно одложување на македонските интеграции. Со таквата одлука се наруши ли дополнително кредибилитетот на ЕУ, а истовремено ќе се зголеми ли и евроскептицизмот?

Дали планот на Петков ќе ја забави или забрза македонската интеграција?

Би почнал со попозитивната страна на неодамнешните средби во Брисел. Заклучоците за проширувањето беа усвоени. Да се потсетиме, минатата година тие заклучоци не беа усвоени, бидејќи немаше консензус меѓу сите земји членки. Овој пат тоа се случи, што значи дека процесот на проширување е сè уште жив. Сега јас мислам дека втората позитивна работа од неодамнешните средби на Советот за општи работи е отворањето на ново поглавје во преговорите со Србија. Знаете дека речиси две години ниту Србија, ниту Црна Гора отворија некои поглавја. Така што сега го отворија кластерот 4 за зелената агенда и мислам дека и ова на некој начин е сигнал дека процесот на проширување и процесот на преговори се движи напред. Сега целосно сме свесни дека има големи очекувања овде во оваа земја дека нешто позитивно може да се случи во однос на почетокот на преговори со Северна Македонија. Се сеќавате кога имавме интервју на почетокот на нашето претседателство кажав дека не може да ветиме некои политички чуда, бидејќи бевме свесни дека реалноста не работи во корист на нашиот напор да се донесе овој процес кон успешен крај. Но, ние ветивме дека ќе работиме напорно на ова прашање. Мислам дека го одржавме ова ветување. Во ред, други може ќе имаат пообјективно вреднување на нашето претседателство. Но, мислам дека направивме сè што можевме во оваа моментална ситуација со цел да ги туркаме овие работи напред. Но, како што кажав, околностите не ни беа во прилог во пронаоѓање на брзо решение. Ние практично низ нашето претседателство од 6 месеци во двете земји имавме предизборен период или избори. Немавме силна политичка влада во Софија. Имавме локални избори тука во Северна Македонија, кои всушност не ја направија актуелната влада силна, туку спротивното. Ако сакате да направите компромис на така тешко прашања ви требаат силни влади на двете страни и ова едноставно не беше случај. Но, верувам дека ние за време на нашето претседателство го подготвивме теренот за претстојното француско претседателство да оствари напредок. Претседателот Макрон веќе објави дека е подготвен да свика конференција на крајот на нивното претседателство на односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и имавме најава од Французите дека и тие ќе занимаваат со ова прашање. И покрај ситуацијата во која ќе бидат со претседателските избори во април, мислам дека препознаа колку е важно да се направи овој процес на проширувањето сигурен и да се одржи жив.

Новиот бугарски премиер Кирил Петков постигна договор со коалициските партнери во Владата за позицијата кон Скопје кој е сочинет од 9 точки. Колку со ваквиот договор се продлабочува спорот меѓу Бугарија и Македонија?

Не сум во позиција да го коментирам коалицискиот договор на бугарската влада. Јас верувам дека ние не треба да мислиме на негативните сценарија. Мислам дека земјите од ЕУ беа сведоци на многу негативни сценарија во изминатите години и треба да се обидеме да мислиме позитивно за работите. Јас мислам дека има некои позитивни објави од бугарската страна што некако најавува попрагматичен пристап. Во ред, мора да видиме како ќе се развиваат работите. Мислам дека е многу важно овој дијалог со новата бугарска влада да започне што е можно поскоро, бидејќи за да се постигне договор на ниво на ЕУ ќе биде потребен компромис на билатерално ниво. Сега како што споменавме имаме малку несреќна ситуација повторно. Имаме влада во Софија, но, имаме ситуација во оваа земја каде премиерот ќе поднесе оставка што значи дека целата влада ќе поднесе оставка. Ќе имаме тотално нова ситуација и ќе биде потребен најмалку еден месец да се формира нова влада, што значи дека повторно ќе загубиме некое време. Ќе биде многу добро ако ова се случи за време на празниците и до крајот на јануари новата влада на Северна Македонија ќе биде поставена. Тоа секако ќе помогне. Јас мислам дека ова е едно нешто што исто така многу ќе помогне. Мислам дека е време Северна Македонија конечно да испрати амбасадор во Софија. Мислам дека тоа секако не помогна, да се нема амбасадор и силно дипломатско претставништво во Софија, секако беше причина што можеби комуникацијата не беше како што треба и не треба да биде кој било. Сега на оваа земја ѝ треба навистина искусен дипломат кој ќе биде во секојдневен контакт со новата влада, бидејќи ова е единствениот начин да се постигне договор и можеби ова е единствениот начин да се скрати времето. Новата влада на Петков зборува за 6 месеци.

Предолг ли е рокот од шест месеци кој го постави Петков?

 

Да. Ова е прилично долго време. Јас верувам и ние сме многу заинтересирани тоа да се случи поскоро. Јас не можам да предвидам што ќе се случи. Но, само ако овој дијалог би бил навистина многу интензивен на дневна основа, само на тој начин може да се очекува резултат.

(…)

Кога сме кај историјата, Петков изјави дека треба да се зборува и за македонските учебници во кои се тврди дека Бугарите биле фашисти. Прифатливо ли е за земјите членки на ЕУ да се отвора прашањето за улогата на Бугарија во Втората светска војна како услов за започнување на преговори со ЕУ?

Во вашето прашање веќе има дел од одговорот. Јасно е врз кои вредности ЕУ и поствоена Европа е изградена и поделбата на историјата на Втората светска војна секако не е меѓу тие вредности. Но, од друга страна немам увид што е напишано во учебниците во Бугарија за Македонците и што е напишано во македонските учебници за Бугарија, но, претпоставувам дека не сè што е напишано е фер и го третира соседот на фер начин. Мислам дека ќе биде добро да се погледнат тие учебници и да се види дали ќе може да се обнови оваа заедничка доверба со некое взаемно прифатливо решение. И јас ќе потсетам дека имаше и други примери во Европа кога учебниците, поделбата на учебниците беше еден од многу важните делови на помирувањето меѓу Германија и Франција по Втората светска војна. Така што, ова не е нешто што ќе биде ново. Мислам дека имаше обиди да се направи нешто слично во Западен Балкан, во овој регион, што беше помалку успешно. Но, јас мислам дека оваа тема за учебниците не треба да биде политичко табу. Мислам ова е прашање за кое исто така треба да се разговара. Но, како што кажав, зборуваме за учебници на двете страни. Не само на една страна.

Интервјуто со словенечкиот амбасадор Милан Предан во целост прочитајте го тука

Back to top button
Close