Предавање „Легитимизација на социјализмот: помеѓу коронавирусот, Маркс и Дионис Савопулос“ на Светлана Слапшак

Светлана Слапшак, една од водечките интелектуалки, теоретичарки на културата, феминистки и антрополози во регионот и во Европа, во рамки на годинашата програма на КРИК – фестивал за критичка култура, денеска ќе одржи предавање насловено „Легитимизација на социјализмот: помеѓу корона вирусот, Маркс и Дионис Савопулос“,

Ова е трето предавање на овогодинешниот КРИК, а ќе се одржи на Фејсбук страницата на фестивалот https://www.facebook.com/KRIKfestival/ со почеток во 19 часот и ќе биде проследено со разговор.

Најавувајќи го годинашното гостување на фестивалот, таа посочува дека во една песна од 80-тите години, грчкиот пејач Савопулос рекол оти љубовта работи во корист на социјализам.

– Тоа е време на ПАСОК во Грција, околу десет златни години, пред партијата да ги изгуби своите идеи и јазик, и пред да западне во национализам. Врската помеѓу љубовта и политиката е стара (античка) појава која желбата, задоволството и демократијата ги става во центарот на политиката. За време на епидемијата на коронавирусот (што е веројатно само почеток на ерата на епидемиските култури), станува важно и се вградува во свеста на граѓаните сознанието од практиката, а не од идеологијата, дека еднаквоста се заснова на човечките потреби, а не на општествената положба, вели Слапшак.

Според Слапшак, одговорот добиен од практичното искуство, дека сите се еднакви и мораат да бидат третирани според потребите, кој се појавува во ризичната состојба на епидемијата, предизвикува отпор со кој не управува ниту една партија, а кој бара, произволно наоѓа и не се интимизира особено со некоја идеолоша структура, туку со принципите на еднаквоста на демократијата и праведната распределба. – Оваа нова борба, чии сведоци сме, добро го препознава расизмот, нацизмот и другите капиларни начини за консолидирање на неолибералниот капитализам, и нема друг излез освен борбата, вели Слапшак.

Таа добива отказ од Институтот за уметност и литература во Белград, после наместен судски процес од страна на режимот на Милошевиќ, а во врска со нејзиното јавно спротивставување на српскиот национализам и распадот на Југославија, по што во 1991 година се сели во Љубљана. Таа е координатор за Антропологија на античките светови и антропологија на родот на ISH (Institutum Studiorum Humanitatis), на љубљанската Школа за хуманистички науки, декан на институтот од 2005-та, главен уредник на кварталното списание за женски студии и култура од Белград ProFemina, уште од 1994-та, претседавач на Женските студии на Ратгерс САД (1994-1995), поканета на EHESS Париз 1998; Соработник на NIAS, Wassenaar, 1999-2000; Соработник на Max Planck Institute, Берлин, 2000; Соработник на Collegium Budapest, 2005. Добитничка е на наградата за есеи Милош Црњански во 1990, Наградата за слобода на изразување на американскиот ПЕН во 1993, Watch Award во Хелсинки 2000; Helen Award во Монтреал во 2001.

Back to top button
Close