Предавање на норвешка донација во касарната Илинден

Донација во медицински материјал од Норвешка, наменета за полската болница Rolle 2, а реализирана преку НАТО Агенцијата за поддршка и набавки ќе биде предадена денеска во касарната Илинден во Скопје.

Станува збор за донацијата во количина од еден тон, која се состои од медицински маски, маски за изолација, заштитни маски, заштитни наочари и термометри, транспортирани од страна на НАТО до касарната Илинден.

На примопредавањето изјави ќе дадат државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, и шефот на Канцеларијата за врски со НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.

Back to top button
Close