Предизвикале сообраќајка, па ги нападнале полицајците: Приведени двајца скопјани

Приведени двајца скопјани кои предизвикале сообраќајка, а потоа ги нападнале и полицајците.

На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред и мир, агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и се обиделе физички да ги нападнат. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close