Предлог-казни од по 2 000 евра против 14 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

 Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судот поднесе предлози за издавање казни од по 2 000 евра против вкупно 14 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.

– Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. За време на полицискиот час тие без дозвола се движеле на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложија парични казни од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close