Предлог на ЦУК: Собранието да ја продолжи кризната состојба

Според Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена, а ако има потреба од подолг период, тогаш Собранието мора да го одобри тоа

Владата да побара од парламентот да донесе одлука за продолжување на кризната состојба, која беше прогласена во земјава на 20 ноември, со трање од 30 дена, што би значело до 20 декември.

Препораката за продолжување на кризната состојба произлезе од денешниот втор состанок на Групата за процена на Центарот за управување со кризи.

Како што соопштија од ЦУК, согласно со дневниот ред, на состанокот е оформен предлог до Управачкиот комитет за координација во системот за управување со кризи, Владата да достави предлог до Собранието за продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на потоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација и спречување ширење на коронавирусот во зголемен обем.

Според Законот за управување со кризи, кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Доколку постои потреба од подолг период, тогаш Собранието мора да го одобри тоа.

 

Back to top button
Close