Предлог резолуција за Сребреница во американскиот Конгрес

 Во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес е претставена нацрт-резолуција во која во 13 точки се осудува, како што се наведува, „геноцидот во Сребреница и негирањето на геноцидот“.

Предлог-резолуцијата, објавена на веб-страницата на Конгресот, е поднесена на 13 јули од конгресменката на Тексас, Еди Б. Џонсон.

Во неа се наведува дека „српските сили биле одговорни за злосторството на 11 јули 1995 година во Сребреница“.

Поради тоа, во предложениот текст се бара осуда за негирањето на тоа злосторство кое се карактеризира како геноцид.

Во текстот САД се охрабруваат да ја одржат и повторно потврдат својата поддршка за суверенитетот, правниот континуитет, единството и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина во рамки на нејзините меѓународно признати граници, како и народот во БиХ и нивното тежнеење по поголема демократија, економски просперитет и успех во евроатланските интеграции. 

Back to top button
Close