Предлог Универзална сала да го носи името на маестро Александар Џамбазов

Денеска се навршуваат две години од смртта на легендарниот диригент и композитор – маесто Александар Џамбазов, чиј мурал, од пред неколку месеци, го краси ѕидот на улицата „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало.

Истиот е насликан од страна на уметниците Драган Китановски-Драш и Марјан Димиќ-Мачка.

Инаку, во јавноста се побројно е мислењето дека Универзалната сала треба да го носи неговото име.

Ваков предлог даде и претседателот на градската организација – Скопје, Васко Кичевски кој на својот Фејсбук профил објави дека името на Џамбазов треба да се впише на оваа сала.

„Универзална сала како културен симбол на Скопје заслужува да го носи името на легендарниот диригент и композитор, маестро Александар Џамбазов“, напиша тој

Back to top button
Close