Предлогот на Владата за разрешување на Коцевски се очекува да биде ставен на утрешната собраниска седница

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде ставен на утрешната пленарна седница на Собранието, соопшти денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите.

Гаши посочи дека се уште не е пратена покана до Коцевски да се обрати на утрешната седница но, како што посочи, би требало да му биде доставена во текот на денов. Според собранискиот спикер, изборот на нов јавен обвинител би бил извршен во рамки на законските рокови.

До крајот на декември се очекува Собранието да одржи четири пленарни седници. На 23 декември пред пратениците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања.

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет кои се во собраниска процедура.

Во однос на најавените предлог-резолуции од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите, Гаши информнира дека тие се уште не се доставени до Собранието.

Back to top button
Close