Предлогот за нова влада ќе стаса во парламентот во понеделник?

Предлогот за новиот состав на Владата предводена од Зоран Заев најверојатно во понеделник ќе биде доставен до Собранието, објави Алсат М.

По поднесениот предлог, почнува да тече законскиот рок од 15 дена за гласање за нејзин избор, но, според телевизијата, очекувањата се дека изборот ќе се случи пред крајот на предвидениот рок.

Собранието вчера на продолението на конститутивна седница со 62 гласа „за“ го реизбра Талат Џафери за претседател на Собранието, а пратеникот Костадин Костадинов е назначен за претседател на Комисијата за прашања за избори и именувања

Back to top button
Close