Предложени парични казни за 17 лица во Скопје​

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица, за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Обвинетите, како што соопштија од Јавното обвинителство, не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на земјава, па за време на полицискиот час биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за тоа.

Обвинителството за нив предложило парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.

Back to top button
Close