Предложете ја вакцината за задолжителна во вакцинален календар и да завршиме со приказната

Од старт укажуваме со колегите дека во комисијата за заштита од зарази, нема една персона која е едуцирана за заштита на здравјето при работа, а комисијата дава препораки и одобрува протоколи за работа. Ниту еден од нив не е специјалист по медицина на труд, ниту еден не е инжињер за безбедност и заштита при работа.

Да ви е појасно на сите.

Работодавачите немаат правна основа ниту можност согласно нашата законска регулатива да бараат работник да направи ПЦР тест на сопствен трошок за да се појави на работното место.

Ниту пак има можност да бараат по сопствена иницијатива работник да се вакцинира за да може да работи на своето работно место.

 

Доволно е да се погледне во законот за безбедност и заштита на здравјето при работа; Законот за работни односи; Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложеност на биолошки агенси (Со овој правилник се врши усогласување со Директивата бр. 2000/54/EЗ на Европскиотпарламент и на Советот од 18 септември 2000 г. за заштита на работниците од ризицитеповрзани со изложување на биолошки агенси на работното место (седма поединечна директива во рамките на значењето на член 16 од Директивата бр. 89/391/ЕЕЗ), CELEX бр. 2000L0054; Уредбата за превентивни прегледи на вработените; и Актот за безбедност и здравје при работа на секој работодавач (без разлика на бројот на вработени). Многу битен момент за одговорните лица, директори, управители итн‼️Настрана устав и останатите конвенции.

 

Ако во тој БЗР акт на компанијата, организацијата, установата итн., нема проценка на биолошки агенс САРС-КоВ-2 и лекар специјалист по медицина на труд нема пропишано како потребна дополнителна мерка за заштита – вакцина против Ковид-19, работникот има право да ве тужи и ќе ве добие на прва во секој суд во државава и надвор.

Работодавачите да си размислат подлабоко по овој проблем.

 

И обратното си важи. Ако за тоа работно место е наведено како задолжителна заштитна мерка вакцина против Ковид-19, работникот нема право да започне со работа пред да е двојно вакциниран и поминати доволно недели од втората вакцина. Обновете ги проценките на ризик.

 

Вакцинацијата во оваа форма, само ќе ни создадава дополнително проблеми.

Мислеше ли некој во комисијата што правиме ако не се вакцинираат тие 30-40% доктори, сестри, граничари, полицајци, администрација итн..

Предложете ја за задолжителна во вакцинален календар и да завршиме со приказната околу вакцините против Ковид-19.

Можеби тогаш ќе започнеме со грижа за условите во кои работиме и живееме, за воздухот кој секој ден го дишеме полн со полутанти, меѓу кои и патогените како вирусот САРС-КоВ-2.

ПС – Вакцината треба со радост да ја прима народот, не со страв!

 

Илчо Ефкоски

Back to top button
Close