Предметот за РЕК Битола и Марковски оди во Струга: Сите судии во Битола беа изземени

Сите 11 судии од Основниот суд во Битола беа изземени од предметот за злоупотреба со јавните набавки во РЕК Битола и „Марковски компани“, со што предметот се сели во струшкиот Основен суд. Од постапката меѓу изземените е и претседателката на битолскиот Основен суд, Татјана Петровска, а поради претходно учество во постапката.

Битолскиот апелационен суд одлучи во предметот да постапува судот во Струга. Тој првично се водеше во Битола, но Основниот суд таму остана без можност да формира судечки совет поради изземањата.

Апелациониот суд во Битола оценил дека судот во Струга кој има проширена наделжност, истовремено има и доволно судии и капацитет да постапува по предметот

Back to top button
Close