Предупредување за цунами по земјотрес од 7,8 на Аљаска

Предупредување за цунами е издадено на Аљаска по земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтер, соопшти Американскиот геофизички институт.

Епицентарот бил на 98 километри југозападно од Перивил и на длабочина од 10 километри.

Предупредувањето за цунами се однесува на области 300 километри од епицентарот.

Земјотресот, што се случи во 06.12 часот по Гринич беше почувствуван во најголемиот град на Аљаска Енкориџ, кој е оддалечен околу 800 километри од епицентарот.

Беа регистрирани и неколку земјотреси подоцна со интензитет помеѓу 4,6 и 4,8 по Рихтеровата скала.

Back to top button
Close