Предупредување за поплави: Хидроаларм за истокот на земјата – дожд до 35 литри на метар квадратен
Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од дожд во текот на денешниот ден, и предупредува дека пообилни ќе бидат во источните делови од земјата (над 35 литри на метар квадратен).

На повисоките места се очекуваат и врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималните температури денеска ќе се движат во интервал од 7 до 12 степени.
Жолто ниво на предупредување од поплави – постои потенцијална опасност од излевање на реките






