Прегазен малолетник во Скопје

МВР информира дека вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул. „Варшавска“ и ул. „Виенска“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(72) од Скопје, удрило во малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close