Прегазен пешак на патот Струга-Ќафасан
Пешак од Струга синоќа починал откако бил удрен од моторно возило на магистралниот пат Струга-Ќафасан, информира Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа во 20:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струга-Ќафасан, патничко моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга. По незгодата, возилото го напуштило местото на настанот, а пешакот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга, каде од страна на лекар била констатирана смрт, стои во соопштението од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајо