Прегазен пешак на скопската обиколница кај исклучокот за Кондово

– На автопатот Северна обиколница за Скопје, на надвозник за исклучокот за село Кондово, вчера патничко возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од Скопје, удрило во пешакот Т.Н.(70) од село Мојанци, скопско.

По незгодата, како што соопшти МВР, Т.Н. бил префрлен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Back to top button
Close