Прегазена 19 годишна девојка на булевар кај Бит Пазар

МВР информира дека синоќа во 20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во пешакот А.И.(19) од с. Арачиново, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје

Back to top button
Close