Преговарачката тактика на Бугарија е бољшевичка тактика, вели Димитров

Нашата вредност и надеж е во принципите на Европа и во тоа што ние сме целосно во право. Немаме никакви аспирации кон Бугарија, таа има кон нас, особено кон македонскиот народ, тврди поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„Сега ние ако глумиме дека сме фини и викаме дека тоа е братски народ, не се жалиме надвор, тоа е пораз и за ЕУ. Во новата методолија има реченица „сите страни мора да се воздржат од злоупотреба на нерешени билатерални прашања во пристапниот процес“. Тоа е иницирано од Франција. Преговарачката тактика на Бугарија е бољшевичка тактика“, вели Димитров за Фокус.

Back to top button
Close