Преговорите меѓу Русија и Украина треба да започнат во 10 часот

Украинската делегација се уште не пристигнала во Белорусија на преговори со Русија, а руската делегација чека, изјави шефот на делегацијата и помошник на претседателот на Русија, Владимир Медински.

Тој за Спутник изјави дека преговорите ќе започнат во 12 часот, односно во 10 часот по средноевропско време.

Медински додаде дека не се открива кој ја сочинува украинската делегација.

Back to top button
Close