Прекинат спорот за името „Нови фосили“
– Судските инстанци во Загреб ја прекинаа постапката што ја започна неодамна починатиот Рајко Дујмиќ против тројца членови на „Нови фосили“ околу употреба на името на таа музичка група.
Имено, Дујмиќ поднел тужба против Сања Долежал, Владимир Кочиш Зек и Маринко Колнаг, тврдејќи дека немаат право да го користат името „Нови фосили“ откако тој бил исфрлен од групата.
Дујмиќ бил исклучен од групата во 2014 година, а другите членови продолжиле да настапуваат под тоа име. Еден од последните настапи им бил во февруари годинава.
Дујмиќ почина на 4 август, како последица од сообраќајна несреќа.
„Нови фосили“ е југословенска и хрватска група основана 1969 година. По распадот на СФРЈ, групата се расформирала, но потоа членовите во 2005 година ја возобновиле. Бендот денес сè уште постои, но без ниеден од првичните членови.