Прекината потрагата по 16 годишното дете во Вардар, ќе се продолжи утре наутро

Потрагата по 16 годишното дете во реката Вардар е прекината.
-Во моментов Дежурниот оперативен центар на ЦУК е известен дека екипите кои вршеа претрага, ќе се повлечат поради немање минимум соодветни услови за претрага во текот на ноќта. Рано наутро екипите во взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со претрагата, велат од ЦУК.
Попладнево во СВР Велес било пријавено дека две лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско.
-По пристигнување на местото, 26 годишната девојка е пронајдена жива, а по 16 годишното дете се уште се трага – информираа од СВР Велес.