Прекината свадба во Тетовско, кривична пријава против хотелот и менаџерот

СВР Тетово поднела кривична пријава против правно лице од Тетово и едно лице од тетовското село Мала Речица за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.

Како што информира Министерството, полициските службеници при контрола во хотелот констатирале дека се организира свадба со 80 гости.

– СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде имало 80 гости, се наведува во соопштинето на Министерството.

Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка.

Back to top button
Close