Прекинато водоснабдување на неколку улици во скопско Чаир

 

Прекинато водоснабдување денеска од 11:30 часот ќе имаат корисниците од улиците „Белградска“, „Самарџиска“ и „Алберт Станиќ“ во населбата Чаир.

Од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје информираа дека  прекинот е поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Никола Мартиновски“ бр.21 во населбата Чаир, и ќе трае се до санирање на дефектот.

Back to top button
Close