Прекршен изборниот молк во Неготино: Тројца осумнаесет годишници растурале летоци за политичка партија  

На 16.10.2021 во 04.25 во СВР Велес било пријавено дека лица со возило растуриле летоци на две локации во Неготино.

Полициски службеници излегле на местото и на посочените локации пронашле различни летоци, по што било пронајдено патничкото моторно возило со велешки регистарски ознаки во кое имало три лица Б.П. (18), С.Ф. (18) и Д.И. (18) сите од Неготино.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close