Преку ГП Ќафасан во Албанија пристигнаа првите бегалци од Украина
Преку граничниот премин Ќафасан, на македонско – албанската граница, кај Струга, во Албанија пристигнаа првите над 20 бегалци од Украина, потврди Управата за гранична полиција и миграција на Албанија.
Според истиот извор станува збор за поединци и семејства кои на албанска територија пристигнале во последните три дена, но кои не побарале помош од албанските власти.