Преку сеопфатен документ еднаш засекогаш ќе ги затвориме сите прашања со Бугарија, вели Османи

Наше е барањето за сеопфатен документ во кој ќе бидат вклучени сите елементри важни за нас и Бугарија и ќе се врзат во една целина, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Според него, со овој документ еднаш и засекогаш ќе се гарантира дека ќе се затворат сите прашања со нашиот источен сосед.

-Најавата за ваков протокол не значи поместување од државните позиции. Напротив, тоа значи зацврстување дека нема да има нови барања или пак ќе има асиметрично исполнување од едната или од другата страна. Не сакаме ова прашање да го решаваме во парчиња, рече Османи.

Тој додаде дека во моментов сме во посензитивна и критична фаза од преговорите и дека се движиме во рамки на државните позиции.

Back to top button
Close