Премиер лига одбори финансиска помош за англиските нисколигаши
Раководството на Премиер лига и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) договорија пакет финансиска помош од 250 милиони фунти за спас од банкрот на нисколигашките клубови на Островот.
Како што јави британскиот сервис Би-би-си, клубовите од Премиер лигата едногласно се согласиле да ги помогнат екипите од втората Лига – Чемпионшип со бескаматен кредит од 200 милиони фунти, додека третолигашите (Лига 1) и четвртолигашите (Лига 2) ќе добијат неповратна помош од 50 милиони фунти.
Претседателот на ЕФЛ Рик Пери го поздрави договорот, нарекувајќи го „опиплива посветеност на професионалниот фудбал во време кога му е најпотребна“.