Премиер лигата ги избира најдобрите: Салах, Ван Дајк и Рајс во конкуренција за Играч на годината

Фудбалерите на Ливерпул, Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенбер, играчите на Нотингем Форест, Крис Вуд и Морган Гибс-Вајт, напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, Деклан Рајс од Арсенал и Рајан Мбеумо од Брентфорд се номинирани за најдобар играч во сезоната 2024/2025 во Премиер лигата, беше објавено денес на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Арне Слот (Ливерпул), Еди Хау (Њукасл), Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Витор Переира (Вулверхемптон) и Томас Франк (Бранфорд) беа номинирани за менаџер на сезоната.

Во соопштението се наведува дека навивачите можат да гласаат за најдобар фудбалер и менаџер на сезоната до 19 мај.

Овие гласови потоа ќе се комбинираат со гласовите од фудбалските експерти за да се изберат победниците, кои ќе бидат објавени на крајот од сезоната во Премиер лигата.

Back to top button
Close