Премиер лигата нема да ги казнува играчите за антирасистички гестови и пораки

Англиската Премиер лига дава поддршка на фудбалерите кои се приклучуваат на акцијата против расизмот.

Фудбалската асоцијација (ФА) изјави дека ќе биде „водена од здравиот разум“ во однос на какви било антирасистички и политички гестови.

Претходно, фудбалерите на Ливерпул и Челзи клекнаа, во чест на споменот за  афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен при неговото приведување од полициски службеник во САД.

Во Германија, раководството на Бундеслигата исто така одлучи да не ги казнува играчите кои покажаа антирасистички пораки и повици за време на натпреварите.

Back to top button
Close