Премиера на филмот „Проблемот на Тина“ на Радован Петровиќ

– Светската премиера на новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ – „Проблемот на Тина“ ќе се одржи вечер, во 21 часот, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во филмот се раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед.

Сценариото на филмот е на Румена Бужаровска, а продукцијата на „Партизанс“. Улогите ги толкуваат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицевска-Трајковиќ.

Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, костимограф Жаклина Крстевска, шминкер Ирена Сенокозлиоска, дизајн на тон Ненад Стефаноски и Драган Спасов, а монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Северна Македонија.
По премиерата, ќе има има ди џеј сет на Nastasya Kish.
Влезот е слободен, со ограничен број на бесплатни билети. Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk  

Back to top button
Close