Премиера на „Новогодишен сон“ во Драмски театар – Скопје


Претставата „Новогодишен сон“ денеска во 13 часот премиерно ќе биде изведена во Драмски театар – Скопје. Претставата е наменета за најмладата публика, а ќе ја изведуваат талентираните деца актери од студиото за актерска игра „Прва проба“.

Автор е Јулијана Мирчевска, а режисер Зоран Љутков. Костимографи на претставата се Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев, а автор на музиката Миодраг Неќак.

Улогите ги толкуваат децата од студиото за актерска игра „Прва проба“: Матеј Настевски, Нина Симјаноска, Саша Димитриевска, Бисера Анѓелков, Михаела Костовска, Тео Манев, Ина Прокоповска, Елена Кочарева, Миа Живковска, Леа Стојков, Милош Тепавац, Јанис Далајоргос, Илина Ефремова, Мила Велковска и Летиција Кондратенко.

„Новогодишен сон“ ќе се игра до 30-ти декември 2022 година пред децата од повеќе основни училишта.

Back to top button
Close