Премиерот и пола министри го славеа роденденот на кралот на нашиот нов стратешки партнер Велика Британија

 

 

Премиерот и повеќе министри на приемот по повод роденденот на кралот на Велика Британија / 10 јуни 2025 г. / Фото: Александар Николоски / Фејсбук

ФОТО: Половина влада дојде на приемот на Британската амбасада по повод роденденот на кралот

Британската амбасада во Скопје вечерва во Музејот на современа уметност го организираше традиционалниот прием по повод одбележувањето на роденденот на кралот на Велика Британија, а на настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и повеќе други министри, пратеници, градоначалници и функционери. Тие се позиционираа во првите редови на приемот, пред бројните други гости.

 

 

Фото: Александар Николоски / Фејсбук

Од опозицијата, на приемот можеше да се забележи лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој се држеше на маргините на настанот, далеку од другите гости-политичари.

Владината делегација на настанот доаѓа откако минатиот месец потпиша договор за стратешко партнерство со Велика Британија, во чии рамки државава ќе добие кредит во висина до шест милијарди евра, со кои Владата најавува дека ќе гради големи инфраструктурни проекти.

Вицепремиерот и министер за транспорт Николоски за своето и за присуството на министрите објави на „Фејсбук“, со констатација дека „пријателството помеѓу двете земји е на највисоко ниво“ и дека „Македонија има силен пријател“.

Фото: Александар Николоски / Фејсбук

Back to top button
Close