Премиерот Ковачевски го честита Денот на ослободувањето на Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.

-Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град, наведува Ковачевски.

Во негово и во име на Владата изразува длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.

-Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, наведува Ковачевски во чститката

Back to top button
Close