Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Премиерот Димитар Ковачевски во Берлин беше пречекан од германскиот канцелар, Олаф Шолц. Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствува на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес.

Првиот Самит за Западен Балкан се одржа исто така во Берлин во 2014 година, а целта на годинешниот Самит, се наведува во соопштението од владинната прес-служба, е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Back to top button
Close