Премиерот на Ерменија го нуди синот во замена за сите заробеници во Азербејџан

  Ерменскиот премиер Никол Пашињан денеска им порача на своите приврзаници во градот Арапан дека е подготвен да го понуди својот син во замена за ерменските заробеници во Азербејџан.

– Официјално му кажав на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев дека предлагам да го предадам мојот син во замена за сите ерменски заробеници, рече Пашинјан, повикувајќи ги своите политички ривали на претстојните избори да го сторат истото.

Изјавата на Пашињан е одговор на неговиот политички ривал, поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан, кој ја критикуваше изјавата на премиерот кој рече дека „размената на затвореници може да почека еден месец или два“.

Синот на премиерот, Ашот Пашињан на својот Фејсбук профил објави дека е подготвен да биде дел од размената на затвореници, пишуваат локалните медиуми.

Back to top button
Close