Премиерот на Гренланд до Трамп: Ние не сме парче мраз, туку горда нација

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска изјави дека тој претставува горда нација која тежи кон одржување на глобалниот поредок и му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека таа земја „не е некое парче мраз“.
– Ние не сме некое парче мраз. Ние сме горда популација од 57.000 луѓе кои секој ден работат како примерни граѓани на светот со целосно почитување кон сите наши сојузници – рече Нилсен по повод изјавата на Трамп дека кога мисли на Гренланд – мисли како на „големо, лошо управувано парче мраз“.
Нилсен истакна дека за Гренланд е важно да се зачува одбранбениот сојуз како светска заедница каде што се почитува меѓународното право.
– Тие нешта сега се доведуваат во прашање и мислам дека сите сојузници би требало да се обединат за да се обидат да ги одржат. Се надевам дека тоа ќе се случи – додаде премиерот на Гренлан






