Премиерот на Шри Ланка поднесе оставка

Премиерот на Шри Ланка Динеш Гунавардена поднесе оставка, јави локалната телевизија Сираса.

Заминувањето на премиерот од функцијата се случува еден ден откако Анура Кумара Дисанајаке го победи претходниот претседател Ранил Викремесинге на изборите за шеф на државата, спроведени во време на тешка финансиска криза.

Покрај премиер, Гунавардена беше и министер за внатрешни работи, државна администрација, локална самоуправа и општини.

Back to top button
Close