Премиерот не сака лидерска средба. Вo моментот немало потреба за средба со Филипче
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека засега не гледа потреба од организирање нова лидерска средба со претседателот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче.<
На денешната прес-конференција, по повод потпишувањето на договорите со општините за финансирање инфраструктурни проекти, Мицкоски беше прашан дали ќе одговори на повиците на СДСМ за лидерска средба со цел постигнување натпартиски консензус за клучните државни прашања.
– Често пати ме канат на лидерски средби. Имавме една лидерска средба со господинот Филипче. Доколку би имало потреба од нова средба, не гледам зошто да не ја организираме. Но, во моментов не гледам причина зошто би организирале уште една лидерска средба – изјави Мицкоски.
Филипче во повеќе наврати повика на политички дијалог меѓу најголемите партии со цел дефинирање заеднички позиции по прашања од национален интерес.