Премиерот по гас во Бугарија: Треба да ѝ дадеме на Македонија, смета поранешниот премиер
Премиерот Димитар Ковачевски од попладнево е во Софија, Бугарија за да побара гас како што пишуваат бугарските медиуми за во текот на зимата. Попладнево во емисијата „120 минути“ на БТВ поранешниот премиер на Бугарија Стефан Јанев рече дека треба да се даде гас на Македонија.
„Бугарија е доволно моќна да изнесува гас, всушност од тој извоз на гас донекаде од тие пари ги правиме тие компензации тоа е добрата вест. Лошата вест е дека во текот на овие години не успеавме доволно да да го развиеме својот потенцијал, знаете проектот „Белене“ беше стопиран имаше тука големи проблеми, дали ќе ги стопираме ил не внатрешните централи кои работат со наши ресурси. Сите тие теми сега се на дневен ред и треба да се решат веднаш. Секако доколку има можност извоз и за Македонија, зошто да не, но по услови на европскиот енергетски центар“, изјави попладнево поранешниот технички премиер на Бугарија Стефан Јанев.