Премиерот побара МВР да побрза со истрагата кој е виновен за пренесувањето во живо на затворената седница на Комисијата на која се реферираше за Онишченко

Министерството за внатрешни работи побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа што и како се случи на затворената седница на парламентарната Комисија за надзор над безбедносните служби да биде пренесувана во живо и потоа тие да можат да продолжат и да ја завршат својата работа во Парламентот, повика денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали некој ќе сноси одговорност за давањето државјанство на Украинецот Олесандр Онишченк

Ковачевски повтори дека имало затворена седница на Владата, но дека детали не може да соопшти.

Веќе ви кажав дека имавме затворена седница на Владата на која што информираше директорот на АНБ во детали како се случило на Влада да бидат донесени четири позитиви мислења врз основа на кои што е донесена одлуката, бидејќи четири позитивни мислења имаше за тој случај. Врз основа на целата дискусија која што таму се водеше, а за која што за жал не можам да ве информирам со оглед на тоа дека се работеше за затворена седница на Влада и давање информации од затворена седница на Влада е казниво дело со затвор од една до пет години. Владата донесе одлука согласно законот да отпочне активности за одземање на државјанството на посоченото лице“,рече Ковачевски

За тоа кога и како во Парламент ќе биде завршена дискусијата, Ковачевски рече дека тоа се уредува врз основа на правилата кои важат за Собранието.

Back to top button
Close