Премиерот Спасовски и министрот Димковски во посета на Валандово

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска ќе бидат во работна посета на Валандово.

Владината прес-служба најави дека Спасовски и Димковски ќе извршат увид во градежните работи на втората фаза од проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, како и на активностите на патот и каналот за поврзување на регионалниот пат Р-1105 со населеното место Горна Мала, село Јосифово.

Back to top button
Close