Пренџов ќе остане во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, иако Јакимовски ја прекина соработката

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска соопшти дека ја прекинува коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ по 99 месеци, но и покрај тоа единствениот пратеник на ГРОМ, Љупчо Пренџов останува во коалицијата.

Одлуката на Јакимовски нема да влијае и на пратеникот кој потврди дека останува во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов кажа дека имал одлична соработка со ВМРО-ДПМНЕ и продолжува во мисијата за рушење на оваа власт

Back to top button
Close