Препораки од ЕУ за помала зависност од руски енергенси: Возете помалку, исклучувајте ги климите и работете од дома

Луѓето да возат помалку, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата, се дел од препораките за кои ЕУ повика граѓаните да ги следат за да се намали зависноста од руските гас и нафта.

Станува збор за план наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part), кој Европската комисија го разви во соработка со Меѓународната агенција за енергија, а за кој велат дека може да им заштеди на домаќинствата околу 500 евра годишно.

Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот кој се состои од девет точки, како што велат од ЕК, ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супертанкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови.

„Луѓето ширум Европа ѝ помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата“ порача ЕК.Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти.

Во препораките за кои Европејците се повикуваат да ги следат е клима уредите да бидат намалени за греење во зима и да се користат помалку во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, да возат со исклучена клима во автомобилите, во недела во граѓаните големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион.

 

 

Back to top button
Close