Андреевски: Трите хидроцентрали на Мицкоски профитирале еден милион евра од државата

Близу 1 милион евра профитирале хидроцентралите на Христијан Мицкоски од државата, истакна претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ Митко Андреевски.

-Мицкоски е лично е косопственик на 3 мали хидроелектрани кои по примерот на договорот на Груевски и ОКТА има загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме ние граѓаните. Секој еден граѓанин, секое семејство плаќа за овие хидроелектрани. Сумите кои ние граѓаните сме му ги платиле се следни: 2016- -986.513 денари; 2017-15.269.030 денари; 2018-19.398.444 денари; 2019-21.145.834 денари или вкупно 56.802.821 денари – вели Андреевски.

Тој додаде дека ист договор со времетраење од 15 години му бил даден Пелагонија Енерџи на Орце Камчев.

-Сумите кои се наплатени од граѓаните се: 2015 година-149.869.371 денари, 2016 година-370.061.640 денари, 2017 година-564.829.354 денари, 2018 година-605.322.865 денари, 2019 година-351.509.045 денари. Или вкупно над 2 милијарди денари (2.041. 591. 275) или повеќе од 33 милиони евра – рече Андреевски.

За сликата да биде комплетна, тој посочи дека тие имале помош од Регулаторна комисија за енергетика.
-Тој некој е претседателката на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, која како член на регулаторна комисија од 2011 до 2017 од функција на член гласала за доделување на лиценци на наведените фирми и личности, Мицкоски да добие. И истата гласала за укинување на евтина тарифа, покачување на струјата за 100 отсто, за неносењето на новиот закон за енергетика… – истакна Андреевски.

Back to top button
Close