(ВИДЕО) Прес на директорот Пандов за фрлена дрога преку ограда, за кучката Цеца и скап часовник

Директорот за извршување санкции, Александар Пандов, раскажа како во затворот во Штип преку оградата била фрлена дрога, а двајца затвореници отишле доцна вечерта да ја бараат на шеталиштето. Кога дошле полицајци, тие им се придружиле во потрагата. Кога започнала постапка против вработените во затворот, тие се правдале дека го барале скапиот часовник кој, како што рекле, затворската кучка Цеца го земала и го однела. Според Пандов, затвореникот Ж.Ж. е лице познато од македонското подземје.

„Повод за прес-конференцијата е немил настан кој се случи во КПУ Штип. На 20.02, пред затворот во Штип доаѓа возило, пред затворот има две капии и трета. Ја поминува првата капија и доаѓа до втората. Таму има дежурана и затворски полицаец. Одма да напоменам дека не запишува кој дошол во дневникот и такво појавување од човек кој не е вработен – е забранета работа. Тоа лице доаѓа до ѕидот на затворот и префрла топка. Настанот се случува во 21:40 минути, таму се појавува затвореник Ж.Ж. и уште еден затвореник со инцијали Р.К. Едниот затвореник збори на телефон. Се појавува затворски полицаец и им вели да се оддалечат. Командирот ги повикува уште четворица затворски полицајци. Ж.Ж. и натаму зборува на телефон.. Затворските полицајци проодлжуваат да ја бараат топката со затворениците.. Не ја наоѓаат“, рече Пандов.

Потоа, сабајлето била најдена дрога, иако полицајците тврделе дека му го барале часовникот на затвореникот кој му го земала затворската кучка Цеца.

„35 грама бела прашкаста материја веројатно кокаин и 50 грама мархихуана. Кога командирот и директорот на затворот, Здравев, прашале што бараат…Образложиле, дека имаат кучка Цеца, па затвореникот имал скап часовник кој воопшто го нема пријавено, па кучката Цеца му го земала, трчала низ тревникот, го изгубила. Па да му излезат во пресрет, тие го барале часовникот. По наредба на директорот се формира дисциплинска комисија. Најмала плата на овие затворски плати кои учествуваат во ова им се 57.000 денари“, додаде Пандов (skopje1)

 

 

Back to top button
Close